/ Прочитано:

1.170

Измени на Кривичниот законик за заштита на новинари од напади при вршење на службата

Министерството за правда подготвува измени на Кривичниот законик. Потребно е, велат од Министерството, усогласување на одредбите од законот со меѓународните стандарди во одредени области и со праксата на Европскиот суд за човекови права, како и отстранување на лоцираните слабости од праксата.

„Со законските измени ќе се изврши усогласување на одредбите од Кривичниот законик со одредбите од: Конвенцијата на Совет на Европа за спречување и борба против насилство врз жените и семејното насилство, позната како Истанбулската конвенција, Директивата 2017/1371 за борба против измама во врска со финансиските интереси на Унијата со примена на кривичното право и праксата на ЕСЧП. Воедно, со законот се врши дополнување на кривичните дела со одредби за заштита на новинари од напади при вршење на службата“, велат од Министерството.

М.В