/ Прочитано:

980

Измени на повеќе закони во врска со дигитализацијата и Централниот регистар на население

„На предлог на заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, Владата денеска ја разгледа Информација за преземање мерки и активности за дигитализација на процеси и ги задолжи сите министерства да подготват измени и дополнувања на законските решенија кои опфаќаат дигитализација на процеси поврзани со постапки утврдени со закон и да ги направат сите подготовки за приклучување кон Националната платформа за интероперабилност.

Овие препораки се однесуваат и на единиците на локалната самоуправа, и тие, заедно со сите органи на државната управа треба да достават барање за пристап до податоците на Централниот регистар на население, и најдоцна до првиот квартал на 2022 година да ги преземат сите активности за набавка на потребната информатичка опрема за непречено приклучување кон Националната платформа за интероперабилност.

Целта на овие мерки и активности за дигитализација на процеси е Централниот регистар на население, во кој се интегрирани податоците што ги водат Министерството за внатрешни работи, Министерството за правда – Управата за водење на матичните книги и Централниот регистар, преку Националната платформа за интероперабилност, да стане точката од која ќе се влечат информации за граѓаните за да се елиминира потребата тие лично да ги доставуваат податоците и документите и на тој начин да се забрзаат и автоматизираат процесите за издавање на голем број потребни документи и за нивна дистрибуција до граѓаните преку алатки за електронска комуникација“, се наведува во соопштението на Владата.

Стапува во примена Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги

Прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец септември 2020 година

Законите за електронски услуги, за електронски документи и за регистар на население влегуваат во собраниска процедура

Јавна трибина за Законот за централен регистар на население и за Законот за електронско управување и електронски услуги

МИОА ги објави законите за централниот регистар на население, за електронското управување и за електронските документи

Кои лични податоци на граѓаните ќе ги содржи базата на податоци за воспоставување електронски регистар на население

Законот за централен регистар на население во фаза на подготовка

Владата најавува Регистар на население кој би можел да го замени пописот

Објавени Предлог-законот за централен регистар на население и Предлог-законот за електронско управување и електронски услуги

Се подготвува и Законот за електронско управување и електронски услуги

Предлог-законот за бесплатна правна помош и Предлог-законот за електронско управување влегуваат во собраниска процедура

Законски ќе се утврдува содржината на барањата за административните услуги по електронски пат

М.В