/ Прочитано:

1.331

ИЗМЕНИ НА УСЛОВИТЕ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА АПЛИКАЦИЈА ПРЕД ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Петок, 11 декември 2015 – На 1 Јануари 2016 година стапуваат во сила измени во Деловникот на Европскиот суд за човекови права, кои се однесуваат на условите потребни за да се поднесе апликација пред ЕСЧП.

„Конкретно, донесена е измена на правилото 47 од Деловникот на Европскиот суд, кое правило се однесува на содржината на индивидуална апликација пред судот. Измените првенствено се однесуваат на содржината на апликациите кои се поднесуваат од страна на правни лица и апликациите поднесени од страна на апликанти кои се застапувани од адвокат од самиот почеток на постапката“, појаснуваат од Адвокатската комора на Република Македонија.

Иако измените се незначителни, додаваат од Комората, тие ќе резултираат со измена на формуларот за апликација до ЕСЧП.

„Сметано од 1 Јануари 2016 година, ќе биде неопходно да се користи новиот формулар за поднесување на апликација пред Европскиот суд за човекови права. Неупотребувањето на новиот формулар и неприменувањето на формалните услови утврдени согласно правилото 47 од Деловникот на Европскиот суд за човекови права, ќе резултираат со одбивање на апликацијата од страна на судот. Новиот формулар за аплицирање и повеќе информации кои ќе го олеснат поднесувањето на апликација пред Европскиот суд за човекови права, ќе бидат објавени на 1 Јануари 2016 година на веб страната на судот“, велат од Комората.

М.В