Измени на законите за личната карта и за патните исправи во собраниска процедура
Во собраниска процедура се измени на Законот за личната карта и на Законот за патните исправи. Измените се предложени со европско знаменце.
„Со предложените изменувања и дополнувања на Законот за личната карта се врши усогласување со процесот на дигитализација на процесите поврзани со постапките утврдени со закон.
Имено, со донесување на Законот за електронско управување и електронски услуги (,,Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 98/19 и 244/19), Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги (*) (,,Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 101/19 и 275/19) и Законот за централен регистар на население (,,Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 98/19 и 275/19), извршена е хармонизација со Поглавје 10 на Европската Унија, што претставува основа за почеток на дигитализација во нашата држава. Наведените закони овозможуваат целосна имплементација на концептот е-Влада, на начин што обезбедуваат меѓусебна комуникација на институциите со бизнис секторот и со граѓаните.
Со цел хармонизирање на прописите од националното законодавство со наведените закони, како и целосно имплементирање на предвидените процеси за дигитализација во пракса, потребна е истовремена и координирана измена на повеќе прописи.
За таа цел, Министерството за внатрешни работи пристапи кон ревидирање на законите во своја надлежност во кои се уредени постапки со граѓани и правни лица во повеќе области од надлежност на министерството, во насока на нивно целосно усогласување со системските закони за дигитализација, вклучувајќи го и предложениот Закон за изменување и дополнување на Законот за личната карта“, се вели во предложените измени на Законот за личната карта.
Во предложените измени на Законот за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија, исто така се посочува дека основната заложба во измените усогласување со процесот на дигитализација на процесите поврзани со постапките утврдени со закон.
Ќе се менува Законот за личното име во врска со дигитализацијата на постапките
М.В