/ Прочитано:

3.278

Измени на Законот за банките: УЈП да добива податоци за приходите на даночните обврзници без поднесување на поединечно барање

Министерството за финансии подготвува измени на Законот за банките. Целта на измените, велат од Министерството, е овозможување Управата за јавни приходи да подготвува пополнети даночни пријави и овозможување Царинската управа да извршува решенија за присилна наплата.

„Според Законот за банките, Управата за јавни приходи може да има увид во податоците и информациите со кои располагаат банките само врз основа на писмено барање кое се поднесува за секое поединечно физичко лице. Управата за јавни приходи од 2019 година ќе започне да изготвува даночна пријава за секој даночен обврзник. Заради поедноставување на постапката, Управата за јавни приходи има потреба да добива податоци за остварените приходи на даночните обврзници по сите основи, без поднесување на поединечно барање, а во согласност со Законот за заштита на личните податоци. Дополнително, Царинската управа има потреба од податоци за трансакциската сметка на граѓаните заради спроведување на законската обврска за присилна наплата на царинските давачки“, посочуваат од Министерството за финансии.

М.В