/ Прочитано:

749

Измени на Законот за Бирото за развој на образованието – ќе се воспостави портал за учење од далечина

 „Владата го утврди текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Бирото за развој на образованието, со кој се врши усогласување на надлежностите на Бирото со другите закони кои ја тангираат неговата работа, како што се законите кои го регулираат основното и средното образование, учебниците, статусот на наставниците и стручните соработници и сл.

Со овој предлог-закон ќе се воспостави и ќе се развива портал за учење од далечина и дигитални содржини за користење во наставата, што е од исклучително значење во последно време со пандемијата со ковид-19, при што се земаат предвид и глобалните тенденции во насока на развој на учење од далечина.

Со новите законски решенија се овозможува и ангажирање на стручни лица кои во целост ќе одговорат на законските надлежности на Бирото, а со тоа и за унапредување и развој на образованието“, образложуваат од Владата.

Што се предвидува во новиот Закон за учебници, кој е во собраниска процедура

МОН во врска со новиот Закон за учебници чија цел е дигитализација на учебниците

МОН подготвува нов Закон за учебници

МОН: Во тек е подготовка на целосно нов Закон за учебници

М.В