/ Прочитано:

988

Измени на Законот за Централен регистар во врска со прекршочните одредби

Измени на Законот за Централен регистар се во собраниска процедура. Со предложените измени и дополнувања на Законот за Централен регистар, се вели во законското образложение, ќе се овозможи усогласување на прекршочните одредби од Законот со одредбите од Законот за прекршоците.

„Предложените изменувања и дополнувања на Законот за Централен регистар имаат за цел усогласување на прекршочните одредби од Законот со одредбите од Законот за прекршоците.

Предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за Централен регистар се заснова врз истите начела врз кои се заснова и постојниот закон.

Основни решенија на предлог-законот се:

-утврдување на глоба за правното лице во распон;

-утврдување во фиксен износ и намалување на висината на глобата што се изрекува за одговорното лице во правното лице“, се вели во законското образложение.

М.В