/ Прочитано:

2.655

Измени на Законот за Црвениот крст за правилно пресметување на надоместоците кои се уплатуваат при техничкиот преглед на возилата

Министерството за труд и социјална политика подготвува измени на Законот за Црвениот крст на Република Македонија.

„Со досегашните одредби на Законот за Црвениот крст на Република Македонија беше оневозможено на единствен начин од страна на сите овластени станици за технички преглед правилно да се пресметува надоместокот за Црвениот крст кој се уплатува при вршење на технички преглед на возилото“, образложуваат од Министерството за труд и социјална политика.

Во таа насока, од Министерството за труд и социјална политика велат дека со Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Црвениот крст се допрецизираат одредбите кои се однесуваат на утврдувањето на висината на надоместоците, посебно на надоместоците кои се уплатуваат при технички преглед на возилата од причина што досегашните одредби не даваа правна сигурност при нивното утврдување и наплата од сопствениците на возилата.

Во членот 27 од Законот за Црвениот крст се пропишува дека во корист на Црвениот крст се плаќаат надоместоци, и тоа:

– 3% за влезницата за  културно-забавни  манифестации (концерти  и  фестивали) од локален, државен и меѓународен карактер, клубови (диско, барови и казино), циркуски и акробатски претстави и саемски (државен и меѓународни) манифестации за кои се наплатува влезница, освен за театарски претстави, изложби на слики, скулптури и други претстави и приредби што ги организираат ученици и студенти во кругот на училиштата и факултетите;

– 3% на секоја изнајмена видеокасета и носачи на звук;

– 3% на секоја влезница за спортски натпревари и

– 0,5% од регистрацијата на моторни возила.

М.В