Измени на Законот за даночната постапка
На дневен ред на денешната собраниска седница се измените на Законот за даночната постапка, чиј предлагач е Владата.
Со Законот за даночна постапка се уредуваат општото даночно право, постапката на утврдување на данок, постапката на контрола на данок, постапката на наплата на данок, правата и обврските на даночниот обврзник и други прашања од даночната постапка.
Даночен обврзник е оној што: должи данок, гарантира за данок, треба да плати или да наплати данок за сметка на трето лице, треба да поднесе даночна пријава и/или даночно објаснување, мора да води книги или записи, или мора да исполнува други обврски коишто му се наложени со даночните закони.
Со предложените дополнувања на Законот се предлага да се изврши намалување на казнената камата за помалку или повеќе платени јавни давачки од 0,03% на 0,015% во период од стапување во сила на овој закон до 31.3.2021 година.
„Со денот на влегувањето во сила на дополнувањата од Законот за даночна постапка ќе се намали казнената камата за помалку или повеќе платени јавни давачки од 0,03% на 0,015% во периодот од стапување во сила на овој Закон до 31.03.2021 година“, се појаснува во законското образложение.
Законските измени за усогласување со четвртиот сет економски мерки во собраниска процедура
М.В