/ Прочитано:

601

Измени на Законот за данокот на личен доход за понатамошна поддршка на самостојните вршители на дејност

 

„На предлог на Министерството за финансии Владата го утврди текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на личен доход, по скратена постапка, со кој во насока на обезбедување на понатамошна поддршка на самостојните вршители на дејност при справувањето со последиците од коронавирусот се предлага продолжување на мерката ослободување од обврската за плаќање на аконтациите на данокот на личен доход за месеците март, април и мај 2021 година.

Предложените измени се со цел да се обезбеди поддршка на занаетчиите паушалисти во справувањето со последиците од коронавирусот, и се дава можност самостојните вршители на дејност во 2021 година да плаќаат за 50% помали аконтации во однос на претходната година како олеснителна мерка за справување на последиците од кризата поради ковид-19“, соопштуваат од Владата.

М.В