/ Прочитано:

1.567

Измени на Законот за ДДВ по скратена постапка

Со Законот за данокот на додадена вредност се воведува данокот на додадена вредност како општ потрошувачки данок и се уредува неговото пресметување и плаќање. Со законот се определува што е предметот на оданочување, даночната основа, даночните ослободувања, даночните стапки, времето на настанување на даночниот долг, даночниот должник, одбивката на претходниот данок, регистрацијата за целите на данокот на додадена вредност, административните обврски, плаќањето на данокот, како и казнените одредби.

Со предлог измените и дополнувањата на Законот за данокот на додадена вредност кои се во собраниска процедура, се образложува во измените, се врши усогласување на законски одредби од законот со најдобрите даночни трендови од аспект на оданочување на меѓуграничниот промет на услугите како и спроведување на програмата на Владата.

„Имено со предлог измените и дополнувњата на Законот за данокот на додадена врендост врши доуредување на одредбите кои го дефинираат местото на прометот на услуги, се воведува терминот даночен застапник со цел странските лица кои вршат промет на добра и услуги во нашата земја да можат да го пресметаат и платат данокот на додадена вредност на даночниот орган, се врши уредување на даночниот третман на прометот преку вредносни ваучери. Согласно прогарамата на Владата се врши зголемување на прагот за задолжителна регистрација за целите на данокот на додадена вредност, се воведува на можност за доброволна регистрација во текот на секој месец во годината, се врши доуредување на местото на промет за одредени добра согласно европските пракси како и се врши дорегулирање на одредени дилеми и проблеми произлезени од практична примена на Законот за данокот на додадена вредност“, се посоува во образложението.

М.В