/ Прочитано:

984

Измени на Законот за ДДВ со кои се намалува рокот за регистрација за цели на ДДВ

На дневен ред на 98. собраниска седница се наоѓаат предложените измени на Законот за данокот на додадена вредност.

„Предложените законски измени се со цел да се допрецизира и дополни даночното ослободување во делот на образованието и да се надополни и со научната дејност. Исто така се врши намалување на стапката на ДДВ од 18% на 5% за лекови за ветеринарна медицина. Дополнително, се намалува рокот во кој е задолжително даночните обврзници да останат регистрирани за цели на ДДВ, од пет години, на две години. Како и усогласување на враќањето на ДДВ на членовите на административниот и техничкиот персонал на дипломатски и конзуларни претставништва согласно Виенската конвенција за дипломатски односи“, се образложува во предложените законски измени.

Законското образложение на причините за донесување на предложените измени на Законот за данокот на додадена вредност

Министерството за финансии измените на Законот за данокот на додадена вредност ги најави на почетокот на оваа година. Од Министерството за финансии истакнаа дека поради потребата од прецизирање и појаснување на одредени одредби, се предлагаат измени и дополнувања во Законот за данокот на додадена вредност.

Објавен текстот на предложените измени на Законот за ДДВ

НОВИ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА ДДВ: Намалување на рокот за регистрација за цели на ДДВ

Граѓанскиот сектор предлага законски измени за подобрување на Законот за ДДВ

Физичко лице како даночен обврзник за цели на ДДВ

Водич со корисни информации и упатства за физичките лица за данокот на додадена вредност

УЈП: До 15 јануари да се поднесе пријава за регистрација за ДДВ

М.В