/ Прочитано:

2.404

Измени на Законот за домување за продолжување на рокот за откуп на стан до крајот на 2024 година

Владата во Собранието поднесе измени на Законот за домување, по скратена постапка. Целта на Предлогот на законoт за изменување на Законот за домување е остварување на правото на откуп на станот односно правото на пренос на правото на користење на стан.

„Во Законот за домување со членот 7 од Законот за изменување и дополнување на Законот за домување („Службен весник на Република Македонија“ бр.199/14), како преодна одредба е предвидено носителот на правото на користење на стан на кој права, должности и одговорности во поглед на располагањето има Република Македонија кој го користи станот врз основа на акт и/или договор за користење на станот донесен пред 16 мај 1998 годинa и член на семејно домаќинство кој по смртта на носителот на правото на користење на станот го користи станот врз основа на акт на надлежен орган со кој се стекнал со правото на закуп и откуп на станот, како и членовите на семејното домаќинство кои го користат станот по смртта на носителот на правото на користење на станот, а кои не поднеле барање за откуп односно барање за пренос на правото на користење на стан до органот надлежен за вршење на работите од станбено-комуналната област до 31 декември 2010 година како и лицата кои до 31 декември 2010 година поднеле барање до органот надлежен за вршење на работите од станбено-комуналната област, но кои во постапката не го оствариле правото на откуп на станот односно правото на пренос на правото на користење на стан од причина што кумулативно не поседувале акт за доделување на стан и договор за користење на стан донесени пред 16 мај 1998 година, должни се да поднесат барање за откуп на станот односно барање за пренос на правото на користење на стан до органот надлежен за вршење на работите од станбено-комуналната област до 31 март 2015 година.

Со оглед на фактот дека многу од носителите на правото на користење на стан не го оствариле правото на откуп на станот односно правото на пренос до 31 март 2015 година, со овој предлог предлагаме да се даде нов рок и тоа до 31 декември 2024 година со цел повторно да им се даде можност на носителите да го остварат правото.

Воедно, со овој Предлог на закон се предвидува и измена на членот 12-а со која измена практично се врши усогласување со членот 91 став (1) од Законот за заштита на личните податоци(*) („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 42/2020)“, се вели во законското образложение.

М.В