/ Прочитано:

836

Измени на Законот за Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен

Владата во Собранието ги поднесе измените на Законот за основање на Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.

Со донесувањето на Законот за основање на државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен и Законот за основање на Државна комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка се гарантира правото на жалба во областа на управна постапка и постапка од работен однос и правото на жалба во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка; ефикасност, економичност и стручност во решавањето на жалба во областа на управната постапка и постапка од работен однос во втор степен и решавањето на жалба во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка.

Начелата на кои се заснова законот, се вели во образложението, се истите на кои се заснова Законот за основање на државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.

„Со Стратегијата за реформа во правосудниот систем 2017-2020 година, во одделот на стратегијата 5.Реформи во посебните области, во стратешката цел 5.3. Прекршочна-правна област, стратешка насока 5.3.3. Подобрување на ефикасноста на прекршочната постапка, е утврдена мерката 5.3.3. -1 Анализа за состојбата поврзана со двостепеност на прекршочната постапка, со посебен осврт на Законот за основање на Државна комисија за одлучување во втор степен по прекршоци и инспекциски надзор.

Во мај 2019 година се донесе новиот Закон за прекршоци со кој се уредуваат општите услови за пропишување на прекршоците и прекршочните санкции, општите услови за утврдување на прекршочната одговорност, за изрекувањето и извршувањето на прекршочните санкции и се пропишуваат прекршочните постапки. Во истиот закон е предвидена временската рамка за поднесување на жалби до Државна комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка до 31.12.2020 година, а истовремено е утврдено дека предметите кои нема да бидат завршени до рокот 31.12.2020 година ќе бидат предадени и ќе продолжат пред Управен суд.

Во периодот од 11-14 јуни 2018 година се реализираше Оценската мисија на ЕК за управни постапки и правда. Во извештајот ЕК препорачува на поедноставување на системот на одлучување по жалби, преку намалување на институциите кои одлучуваат по жалби, со поедноставена административна постапка, преку унапредување на организацијата на работата на Комисијата“, се посочува во Предлог-законот.

Предложени законски измени за зголемување на бројот на членови во Државната комисија за одлучување во управна постапка

Годишен извештај на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос

М.В