/ Прочитано:

1.916

Измени на Законот за едношалтерскиот систем по скратена постапка

Измените на Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица по скратена постапка, поднесени од група пратеници, се на дневен ред на Собранието.

Измените на Законот, се вели во образложението, се заради реализација на мерките за подобрување на деловното окружување во согласност со препораките на Извештајот на Дуинг бизнис 2018, а со цел подобрување на бизнис-климата. Со новите измени, преку системот на Централниот регистар на Република Македонија  за е-регистрација подносителот кој ќе основа правен субјект ќе може да ги пријави првите вработени – застапници по закон (поврзување на системот на Централниот регистар на Република Македонија и Агенцијата за вработување на Република Македонија) и да се регистрира за целите на ДДВ на доброволна основа при иницијална регистрација (поврзување на системот на Централниот регистар на Република Македонија и Управата за јавни приходи).

 Oбјаснување на содржината на одредбите на Предлог-законот

„Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица содржи 6 члена.

Со членот 1 се уредува дека Централниот регистар преку едношалтерскиот систем меѓу другото врши внесување на број на обврзник за данокот на додадена вредност за субјектот на упис (број на ДДВ обврзник).

Во членот 2 се уредува начинот  на внесување на број на обврзник на данокот на додадена вредност (број на ДДВ обврзник).

Со членот 3 се менува членот 35-а од постојниот Закон со кој се утврдуваат обврските на подносителите на пријавите за упис како лица овластени со  закон   и за регистрационите агенти, во однос на прилозите (исправите и доказите) кои изворно се составени од субјектот на упис или се издадени од надлежни органи.

Во ставот 4 се уредува дека прилозите кои изворно се составени во електронски облик кои во име на подносителот ги поднесува регистрационен агенти кои од него се потпишани со електронски потпис, имаат значење на оригинал.

Ставовите (5) и (6) регулираат дека подносителот од членот 34 став (2) од овој закон, прилозите кон пријавата за упис кои се составени во хартиена форма мора да ги конвертира, односно пренесе како целина во електронска форма како и кога прилозите се потпишани со електронски потпис имаат значење на заверен препис од оригиналот.

Со членот 4 се уредува дека жалбата како правен лек подносителот ја поднесува во рок од 15 дена од денот на приемот на решението во писмена форма, односно од денот на неговото објавување на веб старната на Централниот регистар на Република Македонија кога истото е достваено во електронска форма.

Со членот 5 се уредува обврската на министерот за економија да ги усогласи прописите со кои поблиску се уредуваат начинот, формата и содржината  на обрасците за упис, во врска со внесувањето на број на ДДВ обврзник во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон.

Со членот 6 се определува влегувањето во сила на законот.“

М.В