/ Прочитано:

1.002

Измени на Законот за електронските комуникации за формирање Национална канцеларија за бродбенд компетенции

Министерство за информатичко општество и администрација подготвува измени на Законот за електронските комуникации.

„Со предложените измени и дополнувања на Законот за електронските комуникации ќе се обезбеди можност за зголемување на бродбенд пенетрацијата во сите области во државата и подобра регулација во електронските комуникации, соодветна на воспоставените БЦО во рамки на Европската Унија“, посочуваат од МИОА.

„Со предложените измени и дополнувања на Законот за електронските комуникации, ќе се предвиди формирање на Национална канцеларија за бродбенд компетенции. Со формирањето на Националната канцеларија за бродбенд компетенции ќе се обезбеди имплементација на Националниот оперативен бродбенд план, подобрување на ефикасноста и ефективноста на бродбенд инвестициите, координација во развојот на бродбенд мрежите, ќе го следи исполнувањето на националните бродбенд таргети и ќе учествува во работата на БЦО мрежата на ЕУ“, образложуваат од Министерството.

М.В