Измени на Законот за финансиска дисциплина за паричните обврски на субјектите од јавниот сектор
Министерството за финасии подготвува измени на Законот за финасиска дисциплина.
„Законот за финансиска дисциплина во голема мера е усогласен со ЕУ Директивата за задоцнето плаќање 2011/7/ЕУ. Согласно Законот, во деловните трансакции меѓу субјект од јавниот сектор и економски оператор од приватниот сектор, кога субјектот од јавниот сектор се јавува како должник, не може да се договори рок за исполнување на паричните обврски подолг од 60 дена односно 90 дена.
Заради усогласување со роковите за исполнување на паричните обврски кои во Директивата за субјектите од јавниот сектор се утврдени на 30 дена односно 60 дена, од јануари 2023 година до декември 2025 година се предлага постепено намалување рокот за намирување на паричните обврски на субјектите од јавниот сектор чии сметки се во рамките на Трезорската сметка на МФ од 60 дена на 30 дена и за субјектите од јавниот сектор чии сметки се во рамките на Трезорската сметка на ФЗО од 90 дена на 60 дена“, образложуваат од Министерството за финасии.
М.В