/ Прочитано:

1.309

Измени на Законот за финансиска поддршка на инвестиции

„Владата ги утврди и измените и дополнувањата на Законот за финансиска поддршка на инвестиции. Со предложените измени и дополнувања се уредуваат видовите, висината, условите, начинот и постапката за доделување на финансиска поддршка на инвестициите на деловните субјекти кои ќе инвестираат во Република Северна Македонија и ја содржи шемата за државната помош.

Со овие измени и дополнувања, меѓу другото, се прошируваат видовите на финансиска поддршка за технолошки развој и истражување, поддршка за инвестициони проекти од значаен економски интерес, поддршка за преземање на претпријатија во потешкотии и конкурентност на пазарот и се регулира финансиската поддршка на државјани со постојан и привремен престој во и вон земјата, а воедно се балансираат и условите за рамномерен регионален развој“, соопштуваат од Владата.

Предложени измени на Законот за финансиска поддршка на инвестиции

М.В