/ Прочитано:

1.378

Измени на Законот за финансиските друштва за поголема заштита на граѓаните

Министерството за финасии подготвува измени на Законот за финасиските друштва.

„Зајакнувањето на пазарната позиција од страна на финансиските друштва во изминатиот период ја наметна потребата од зајакнување на регулаторните барања и стандарди кои треба да ги исполнуваат финансиките друштва. Со зголемувањето на бројот на финансиските друштва значително се зголеми и бројот на корисници на потрошувачки кредити. Поради ова, се јавува потреба за поголема заштита на граѓаните-корисници на кредит од финансиските друштва. Дополнително, факторингот како финансиска активност која можат да ја вршат финансиските друштва не е детално уредена, а со тоа и недоволно користена како алтернативен извор на финансирање од страна на компаниите. Исто така, потребно е усогласување со соодветните законски решенија поврзани со процесот на дигитализација.

Со цел да се потенцира сериозноста и пристапот во работата на финансиските друштва, како и да се зголеми довербата кај населението и компаниите во овие финансиски институции, ќе се зајакне регулаторната рамка за работење на финансиските друштва. Со измените ќе се овозможи поголема заштита на граѓаните-корисници на кредит од финансиските друштва. Дополнително, ќе се доуреди финансиската активност-факторинг и ќе се изврши усогласување со соодветните законски решенија поврзани со процесот на дигитализација“, образложуваат од Министерството.

М.В