/ Прочитано:

1.167

Измени на Законот за градење во врска со модуларни градби за здравствена дејност

„Владата го утврди Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за градење со кој се предвидува изградба на посебен вид на градби односно модуларни градби за здравствена дејност, чија изградба е финансирана со средства од Буџетот на Република Северна Македонија или со средства од Европската Унија односно друга меѓународна организација, заради зголемување на ефикасноста на здравствениот систем при справувањето со коронавирусот КОВИД-19“, соопштуваат од Владата.