/ Прочитано:

743

Измени на Законот за градежните производи

 

Во собраниска процедура се предложените измени на Законот за градежните производи. Предлагач на измените е Владата.

„Целта на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за градежните производи е да се овозможи намалување на висината на глобите.

Исто така, цел на Предлог-законот е дефинирање на носењето и објавата на македонски национални стандарди или македонски технички прописи за градежните производи од нехармонизираното подрачје, како и да се усогласи со промената на името на Република Македонија во Република Северна Македонија.

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за градежните производи се заснова на истите начела на кои е заснован и Законот за градежните производи“, се вели во законското образложение.

Законот за градежните производие изготвен во согласност со ЕУ Регулативата 305/2011 и измените на Законот за надзор над пазар и Законот за општата управна постапка.

М.В