/ Прочитано:

3.152

Измени на Законот за градежно земјиште

Владата го усвои Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за градежно земјиште, чија цел е на подобар и поефикасен начин да се уреди управувањето и располагањето со градежното земјиште.

Со Законот за градежно земјиште се уредуваат правата и обврските во поглед на градежното земјиште, уредувањето на градежното земјиште, условите и начинот на располагање со градежното земјиште, како и други прашања од областа на градежното земјиште.

„Дел од новите решенија во предлог-законот утврдуваат дека отуѓувањето на градежното земјиште сопственост на државата по пат на електронско јавно наддавање ќе се врши само на уредено градежно земјиште и ќе содржи дополнителни конкретни податоци кои ќе придонесат за подобро запознавање на купувачите со нивните права и обврски во иднина. Договорите за купопродажба на градежно земјиште по пат на јавно наддавање во целост ќе ги содржат сите предвидени податоци од објавата за отуѓување на градежно земјиште по пат на јавно наддавање за да се придонесе за постабилен пристап во евентуалните судски спорови.

Со новиот предлог-закон за градежно земјиште во сопственост на државата се заокружува процесот на децентрализација во поглед на вршењето на работите на општините, општините во Градот Скопје и Градот Скопје, и се олеснува процесот за располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија“, велат од Владата.

Новиот Закон за урбанистичко планирање во собраниска процедура

Измените на Законот за катастарот и новиот Закон за урбанистичко планирање влегуваат во собраниска процедура

Градежните компании со конкретни предлози за измените на законите од областа на градењето и урбанизмот

Компаниите укажуваат на недоречености во градежната регулатива

Измени на Законот за просторно и урбанистичко планирање и на Законот за градење во собраниска процедура

Градежниците предлагаат промени на повеќе прописи од областа на градежништвото и безбедноста при работа

Потребна е реформа на законодавството од областа на градењето која ќе го заштити јавниот интерес

М.В