/ Прочитано:

2.977

Измени на Законот за игрите на среќа и за забавните игри

Владата поднесе измени на Законот за игрите на среќа и за забавните игри во Собранието на РМ. Со Законот за игрите на среќа и за забавните игри е пропишано дека Република Македонија ги приредува интернет игрите на среќа со основање на трговско друштво за приредување на игрите на среќа во кое Република Македонија е содружник или акционер со најмалку 51% од основната главнина.

„Со оглед што истече рокот на приредување на интернет игрите на среќа од страна на ова трговското друштво, се предлага да се изврши дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, во насока на продолжување на рокот за приредување на интернет игри на среќа од страна на истото друштво. Имено, трговското друштво за приредување на игрите на среќа во кое Република Македонија е содружник или акционер со најмалку 51% од основната главнина, интернет игрите на среќа ќе може да ги приредува до 1 јануари 2020 година. Истовремено, со одлагањето на рокот се одложува либерализацијата за приредување на интернет игрите на среќа од страна на трговските друштва регистрирани во Република Македонија“, се вели во законското образложение.

М.В