/ Прочитано:

1.235

ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА ИНОВАЦИСКА ДЕЈНОСТ: Формирање на Национална канцеларија со цел поврзување на секторот за високо образование со индустријата

„Националната канцеларија ќе врши трансфер на технологии и други услуги во врска со раководење со договори за истражувања, поттикнување на соработка помеѓу универзитетите и индустријата, поддршка на универзитетите и индустријата за активности поврзани со технологии и интелектуална сопственост“, се наведува во новиот член.

Илустрација, иновации

По отворениот повик за предлог-измени на Законот за иновациска дејност, објавен на крајот на јуни, Министерството за образование и наука до Собранието го достави Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за иновациската дејност.

„Врз основа на спроведената анализа на соодветната законска регулатива на Република Македонија од страна на консултантската куќа WUS Austria & Austin Pock+Partners GmbH, ангажирана за формирање на  Националната канцеларија за трансфер на технологии во рамки на Проектот за развој на вештини и поддршка на претприемништво, се заклучи дека најдобро решение е канцеларијата да се формира во согласност со Законот за здруженија и фондации“, е оцената на состојбите во областа што треба да се уреди со Законот и причините за негово донесување.

Бидејќи во Законот за иновациска дејност во членот 14 е предвидено основањето на центар за трансфер на технологии, кој е со потесен делокруг на активности, се додава нова одредба, т.е. членот 14а, со која се предвидува основање на Национална канцеларија за трансфер на технологии, која ќе претставува инфраструктура за поврзување на академијата и индустријата и можност за трансфер на технологии (резултати од истражувањата) кон реалните потреби на индустријата и деловната заедница. Нејзиното основање е предвидено да биде врз основа на Законот за здруженија и фондации.

Во новиот член, 14а, се дефинира Национална канцеларија за трансфер на технологии. Таа ќе претставува правно лице основано од институти, високообразовни, односно научно-истражувачки установи, стопански комори, Фондот за иновации и технолошки развој, односно други правни лица од областа на иновациите. Националната канцеларија ќе се формира со цел поврзување на секторот за високо образование со индустријата и промоција на иновативните активности на истражувањата и на компаниите.

„Националната канцеларија ќе врши трансфер на технологии и други услуги во врска со раководење со договори за истражувања, поттикнување на соработка помеѓу универзитетите и индустријата, поддршка на универзитетите и индустријата за активности поврзани со технологии и интелектуална сопственост“, се наведува во новиот член.

Целта на Предлог-законот е да се дополнат и да се допрецизираат одредени одредби од Законот за иновациската дејност, особено во делот на основањето на центри за трансфер на технологии, што произлезе како потреба од направената експертска анализа на Законот за иновациската дејност.

МОН подготвува Закон за изменување и дополнување на Законот за иновациска дејност