Измени на Законот за инспекциски надзор во врска со психолошките тестови за инспекторите
Министерството за информатичко општество и администрација подготвува измени на Законот за инспекциски надзор.
„Со Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за инспекциски надзор се врши промена во условите кои се однесуваат на избор на претседател и членови на Инспекцискиот совет, како и на условите за вработување на инспектори, во насока на дополнување на сертификатите за познавање на англиски јазик со АПТИС, како и бришење на условот за положен психолошки тест и условот за поседување на меѓународен сертификат за работа со компјутери. Дополнително, се врши усогласување и во однос на оценувањето на инспекторите, од причина што тие се административни службеници“, велат од Министерството за информатичко општество и администрација.
Со Законот за инспекциски надзор се уредуваат условите и начинот на издавање и одземање лиценца за инспектор, правата и должностите на инспекторите, основите за организација и работа на инспекциските служби, основните права и обврски на субјектите на инспекциски надзор, основањето, статусот и работата на Инспекцискиот совет, начинот и постапката на вршење инспекциски надзор, како и други прашања кои се однесуваат на инспекцискиот надзор.
M.В