/ Прочитано:

1.448

Измени на Законот за инвестициски фондови

Министерството за финансии најавува дека се во подготовка измени на Законот за инвестициски фондови. Со Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за инвестициски фондови се врши доусогласување со Директивата 2009/65/ЕУ за друштва за колективно инвестирање во преносливи хартии од вредност.

„Измените и дополнувањата на Законот имаат за цел олеснување на условите за основање и работење на инвестициските фондови, зајакнување на заштитата на интересите на инвеститорите, уредување на постапките за статусни промени на инвестициските фондови, отворање на филијали и пренос на управувањето со инвестицискиот фонд на друго друштво за управување и воведување на нови видови инвестициски фондови – главен фонд и фонд напојувач, при што фондот напојувач да може да инвестира 85% од прибраните средства во друг фонд – главен фонд“, образложуваат од Министерството за финансии.

М.В