/ Прочитано:

847

Измени на Законот за јавните набавки во врска со епидемијата, по скратена постапка

Измени на Законот за јавните набавки се на дневен ред на денешната собраниска седница. Законските измени, чиј предлагач е Владата, се предложени по скратена постапка.

„Целта на предложеното дополнување на Законот за јавните набавки е да овозможи пофлексибилен начин на исплата на аванс за јавните набавки кои се директно поврзани со мерките за справување со пандемии и епидемии на заразни болести, во согласност со воспоставената практика на производителите на потребни средства на глобално ниво“, се посочува во законското образложение.

Во Законот за јавните набавки, се пропишува во измените, во членот 103 по ставот (3) се додава нов став (4), кој гласи:

„(4) По исклучок од ставовите (2) и (3) на овој член, договорниот орган од класичниот јавен сектор може да предвиди аванс поголем од 20% од вредноста на договорот без обврска за обезбедување банкарска гаранција за авансно плаќање од носителот на набавката во постапките за јавни набавки на имунолошки производи за справување со SARS COV 2.“

ЦГК со нов мониторинг извештај за јавните набавки: Нетранспарентни постапки со преговарање без објавување оглас

Ќе се менува Законот за јавните набавки во врска со набавката на вакцини за ковид-19

Честите поништувања на тендерите се индикатор за постоење ризик од корупција

6,7 милиони евра за „итни набавки“ за заштита од коронавирусот

48 % од фирмите сметаат дека има корупција во набавките

Годишен извештај на Државната комисија за жалби по јавни набавки

Анализа за транспарентноста на тендерите во јавното здравство

Доминира бројот на евидентирани предмети за случаи на корупција во јавните набавки

Транспарентност, отчетност и интегритет на институциите во јавните набавки

М.В