/ Прочитано:

1.311

Измени на Законот за катастар на недвижности за подобрување на квалитетот на запишаните податоци

Измените на Законот за катастарот се во фаза на прво читање во Собранието. Целта на предложените законски измени за катастарот е подобрување на деловната клима во државата со подобрување на квалитетот на запишаните податоци во катастарот на недвижности, зголемување на процентот на запишаните права во катастарот на недвижности, што ќе резултира со јакнење на довербата во јавната книга, како и со зголемување на транспарентноста на институцијата како јавен сервис на граѓаните.

„Предложените измени и дополнувања произлегуваат од Информацијата со  предлог мерки за подобрување на деловното окружување согласно со препораките на  Извештајот ‘Doing Business 2018’ на Светска Банка, усвоена од Владата на Република Македонија, со цел подобрување на рангот на Република Македонија во индикаторот  ‘Регистрирање на имот’, со која се препорачува на Агенцијата за катастар на недвижности да пристапи кон изменување и дополнување на Законот за катастар на недвижности во насока на подобрување на квалитетот на податоците запишани во катастарот на недвижности, вклучувајќи го и механизмот за отстранување на грешки од страна на Агенцијата  и намалување на процентот на незапишани права во катастарот на недвижности, заради што и најголем број од предложените одредби ја регулираат оваа материја“, се вели во законското образложение.

„Причините за донесување на Законот се должат и на потребата од допрецизирање на одредени одредби од истиот со кои се уредува плаќањето на надоместок по пријавите за запишување во катастарот на недвижностите кога пријавата за иста недвижност повторно се доставува од причини што претходно доставената пријава била одбиена, разграничување на надлежностите помеѓу приватниот геодетски сектор и Агенцијата за катастар на недвижности во делот на премерот и изготвувањето на геодетските работи за посебни намени, на потребата од нов  рок за доставување пријави за запишување во катастарот на недвижности на податоците од интабулационите книги преземени од судовите а кои останале неидентификувани, нов рок за дооформување на образование на имателите на овластувањата, потребата од создавање правни претпоставки за запишување на инфраструктурни објекти од јавен интерес и друго“, се додава во законското образложение.

Измените на Законот за катастарот и новиот Закон за урбанистичко планирање влегуваат во собраниска процедура 

Законите за урбанистичко планирање, за финансиска дисциплина и за бесплатна правна помош на владина седница

Стратешкиот план на Катастарот за 2019 година ќе се реализира со годишна програма

Министерството за правда го објави текстот на измените на Законот за катастар на недвижности, во кои има повеќе значајни новини

Министерството за правда подготвува измени на Законот за катастар на недвижности за подобрување на квалитетот на запишаните права

Градежните компании со конкретни предлози за измените на законите од областа на градењето и урбанизмот

Компаниите укажуваат на недоречености во градежната регулатива

Измени на Законот за просторно и урбанистичко планирање и на Законот за градење во собраниска процедура

Градежниците предлагаат промени на повеќе прописи од областа на градежништвото и безбедноста при работа

Потребна е реформа на законодавството од областа на градењето која ќе го заштити јавниот интерес

М.В