Измени на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции во врска со извозот
Министерството за здравство подготвува измени на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции. Цел на законските измени е да се овозможи сувата маса на растението канабис произведена во Република Македонија да се извезува надвор од државата и да се регулираат трошоците околу постапката за добивање на одобрение за одгледување на канабис за медицински цели.
Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, велат од Министерството за задравство, се предлага и да се доуредат надлежностите на правните лица во делот на одгледување на канабис за медицински цели и екстракцијата на маслото од сувото растение канабис и да се доуредат надлежностите на институциите одговорни во спроведување на одредбите од законот и доусогласување со новите европски регулативи.
М.В