/ Прочитано:

1.183

Измени на Законот за матичната евиденција за децата родени во „Систина“ во периодот од април  до декември 2010 година

Во Собранието се предложени измени на Законот за матичната евиденција. Со предложените измени и дополнувања на Законот за матична евиденција, посочуваат од Министерството за правда,  се уредува постапката за исправка на местото на раѓање во матичната книга на родените, ретроактивно за децата родени во период од април 2010 до декември 2010 година во болницата „Систина“ – Злокуќани или во друга приватна здравствена установа на територија на Град Скопје.

„Овие измени се во насока на решавање на проблемот со децата родени во болницата Систина во посочениот период а на кои во изводот од матичната книга на родените како место на раѓање впишано им е Злокуќани, а не градот Скопје. Со тоа ќе се овозможи промена на местото на раѓање од Злокуќани во Скопје ретроактивно за децата родени во горе посочениот период.

Ова се однесува и на децата родени во друга приватна здравствена установа на територија на Град Скопје“, се вели во образложението на предлог-законот.

Ќе се менува Законот за матичната евиденција за децата родени во „Систина“ во периодот од април  до декември 2010 година

М.В