/ Прочитано:

2.419

Измени на Законот за платниот промет по скратена постапка

Измени на Законот за платниот промет се во собраниска процедура.

„Предложениот закон има за цел да им овозможи на фирмите кои имаат  финансиски проблеми да можат да вршат плаќања со пресметка на меѓусебните обврски и побарувања и во текот на 2022 година. Законот чие изменување се предлага се заснова врз истите начела врз кои се заснова основниот Закон. Со измената на Законот ќе се одложи примената на одредбата од членот 25 став (1) со што учесниците во платниот промет кои имаат блокирана сметка меѓусебните парични побарувања и обврски ќе можат да ги плаќаат со пресметка  до крајот на  2022 година“, се вели во законското образложение, чиј предлагач е Владата.

М.В