/ Прочитано:

1.398

ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА ПОМИЛУВАЊЕ: Правна основа за поништување на помилувањето дадено од Претседателот на Републиката

Пратениците Илија Димовски и Талат Џафери во Собранието на РМ предложија измени на Законот за помилување. Со 63 гласови „за“ Собранието ги изгласа овие предложени законски измени.

Собрание внатре

„Целта на законот е создавање на правна основа за поништување на  помилувањето дадено од Претседателот на Републиката без претходна постапка, во утврден рок без должност за образложение на истата. Со предложениот закон на лицето кое е помилувано му се дава право да поднесе барање за поништување на одлуката за негово помилување до Претседателот при што Претседателот е должен одлуката во утврдениот рок да ја поништи“, се вели во законското образложение.

Според измените, Претседателот на Републиката да може да го поништи помилувањето дадено без претходна постапка за помилување во рок од 30 дена од денот на донесувањето на овој закон. Претседателот не е должен да ја образложи одлуката.

Лицето за кое е донесена одлука за помилување има право до Претседателот на Републиката да поднесе барање за поништување на одлуката за негово помилување. Претседателот на Републиката е должен во рок од 30 дена од денот на поднесувањето на барањето, да ја поништи донесената одлука.

M.В