Измени на Законот за прекршоците за заострување на казните од областа на животната средина
Министерството за правда подготвува измени на Законот за прекршоците. Целта на законските измени е зголемување на казните од областа на животната средина.
„При вршење на задолжителното усогласување на посебните закони од областа на животната средина со постојниот Закон за прекршоците, во делот на глобите се наметна драстично намалување на постојните глоби поради поставените утврдени максимални вредности, а нивно зголемување не е возможно. Предвидените глоби во Законот за прекршоците се несоодветни за штетата која се создава со сторување на прекршоците од областа животна средина. Поради ова, во Програмата за работа на Владата на Република Северна Македонија поднесена во Собранието при изборот на Владата на РСМ за 2020 – 2024 година е предвидено зголемување на казните во областа на животната средина“, посочуваат од Министерството за правда.
М.В