/Прочитано:

1.078

Измени на Законот за просторно и урбанистичко планирање и на Законот за градење во собраниска процедура

Група пратеници во Собранието на РМ предлагаат измени на Законот за просторно и урбанистичко планирање и на Законот за градење, по скратена постапка. Предложените измени се на дневен ред на 59-тата собраниска седница.

„Во согласност со Законот за просторно и урбанистичко планирање утврдена е постапката за донесување на урбанистички планови и урбанистичко-плански документации. Со предложените измени и дополнувања на Законот за просторно и урбанистичко планирање ќе се овозможи негово допрецизирање со потребни одредби кои ќе овозможат негова подобра примена, на начин што ќе се овозможи поголема достапност и увид во плановите од страна на заинтересираните страни, а со тоа и поголема транспарентност во постапките за донесување на плановите“, се вели во образложението на предложените измени на Законот за просторно и урбанистичко планирање.

„Во Законот за градење се дава можност одредени градби да се стават во употреба во случај кога Комисијата, односно надзорниот инженер констатираат дека не е изграден локален пат или улица на кои треба да се приклучи градбата, само доколку при вршење на техничкиот преглед во согласност со членот 90 ставовите (2) и (3) од Законот не се утврдени други недостатоци поради кои градбата не може да се стави во употреба. Со предложеното законско решение се овозможува дополнување на градбите за кои може да се врши технички преглед во согласност со членот 90 став (6) од Законот за градење“, се вели во предложените измени на Законот за градење.

M.В