Измени на Законот за санитарната и здравствената инспекција
Министерството за здравство подготвува измени на Законот за санитарната и здравствената инспекција. Целта на Предлог-законот е да се унапреди регулативата за вршење на инспекцискиот надзор на инспекторите на Државниот санитарен и здравствен инспекторат со дефинирање на правата и должностите на инспекторите во вршењето на инспекцискиот надзор во целина. Во таа насока Законот се усогласува со Законот за инспекциски надзор, со Законот за хемикалии и со Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, но и со Законот за прекршоците.
„Со предложената измена и дополнување на Законот за санитарната и здравствената инспекција се пополнуваат одредени правни празнини кои недостасуваат во исполнување на обврските на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, односно во практичната работа на санитарните и здравствени инспектори при вршење на редовен и вонреден инспекциски надзор. Со предложената измена и дополнување на Законот за санитарната и здравствената инспекција се врши и усогласување со Законот за хемикали во однос на вршењето на инспекцискиот надзор над опасните материи за кои според истиот закон е определено дека се во надлежност на инспекторите за хемикалии. Оттука, со предлогот е потребно да се елиминира дуализмот во надлежностите на инспекторите на Државниот санитарен и здравствен инспекторат и инспекторите за хемикалии.
М.В