/ Прочитано:

2.131

Измени на Законот за служба во АРМ за упатувањето воени старешини во странство

Министерството за одбрана подготвува измени на Законот за служба во Армијата на Република Македонија. Целта на Предлог-законот е да се дефинираат условите за упатување воени старешини и цивилен персонал распоредени во воени претставништва, воени мисии, штабови и други меѓународни организации и меѓународни воени единици, како во странство така и во Република Северна Македонија.

„Исто така, цел на Предлог-законот е и распоредувањето на националните капацитети во странство, односно надвор од Република Северна Македонија да биде на задолжителна, наместо на доброволна основа“, посочуваат од Министерството за одбрана.

Министерството за одбрана претходно најави и измени на Законот за одбрана за непречено распоредување на силите на НАТО низ земјата.

„Со овој предлог на закон ќе се овозможи распоредување на припадниците на Република Северна Македонија надвор од територијата на Република Северна Македонија во операции и мисии на НАТО на задолжителна основа, како и непречено распоредување и транзит низ Република Северна Македонија на силите и капацитетите на НАТО“, посочија од Министерството за одбрана.

Измени на Законот за одбрана за непречено распоредување на силите на НАТО низ земјата

М.В