/Прочитано:

1.934

Измени на Законот за служба во АРМ за вработувањето на професионалните војници како цивилен персонал

Министерството за одбрана подготвува измени на Законот за служба во Армијата на Република Македонија.

Целта на законските измени, велат од Министерството, е професионалните војници на кои им престанал работниот однос со навршување на 45 години возраст да можат да се вработат во Армијата на Република Македонија како цивилен персонал и лицата со посебни специјалности од особено значење за АРМ да можат да се вработат во МО без објавување на јавен оглас, со спогодба за преземање од органот каде што претходно работеле.

М.В