/ Прочитано:

760

Измени на Законот за социјалната заштита во собраниска процедура

Измени на Законот за социјалната заштита, чијшто предлагач е Владата, се во собраниска процедура.

„Цел на Предлог-законот за изменување на Законот за социјалната заштита е да се овозможи услугата лична асистенција да ја користат и деца од шестгодишна возраст со  намален функционален капацитет, со цел да се овозможи индивидуална помош и поддршка и на децата за вршење на секојдневни активности, и тоа заради пристап до образовните институции, центрите за рехабилитација и вклучување во заедницата, кои дете без попреченост вообичаено ги врши без поддршка. Со предложените измени се очекува 200 деца да добијат услуга на лична асистенција, и тоа од 80 часа во текот на еден месец. Предлог-законот за изменување на Законот за социјалната заштита се заснова на истите начела на кои е заснован и Законот за социјалната заштита“, се вели во законското образложение.

М.В