/ Прочитано:

599

Измени на Законот за странци за престојот на „дигиталните номади“

Министерството за внатрешни работи подготвува измени на Законот за странци.

„Со Предлогот на Закон за изменување и дополнување на Законот за странци се врши преточување на одредбите на Уредбата со законска сила за примена на Законот за странци (*) за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија бр. 71/20, 125/20 и 169/20), создавање на услови за престој на таканаречени ‘дигитални номади’, усогласување со Законот за стратешки инвестиции во Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 14/20), како и надминување на практични проблеми при имплементацијата на Законот“, се велат од Министерството.