Измени на Законот за стручно образование и обука, по скратена постапка
Владата во Собранието предложи измени на Законот за стручно образование и обука, по скратена постапка.
Целта на предложените законски решенија е воспоставување на регионални центри за стручно образование и обука. Овие центри, се вели во законското образложение, претставуваат огромна можност за оптимизација на инвестициите во средното стручно образование преку прилагодување на потребите на пазарот на труд и потребите на локалната задница, со што би се намалил јазот помеѓу понудата и побарувачката на вештини.
„Центрите треба да одговорат на конкретните приоритети во нивните региони, идентификувајќи ги соодветните активности кои ќе овозможат развивање на потенцијалите на младите, возрасните и бизнис-заедницата“, се посочува во образложението на Предлог-законот.
М.В