/ Прочитано:

1.757

Измени на Законот за трговија за работното време во недела и на празници

Министерството за економија подготвува измени на Законот за трговија. Измените се поврзани со најавените измени на Законот за работните односи, кои, исто така, се во фаза на подготовка.

„Со Законот за трговија се уредуваат условите и начинот за вршење на трговија на внатрешниот и надворешниот пазар, мерките на ограничување на вршење на трговијата и заштитните мерки. Во рамки на делот за вршење трговија, законот го уредува и работното време на трговците. Согласно постојното законско решение, работното време го утврдува трговецот зависно од бројот на вработените, при што должината и распоредот на работното време што трговецот самостојно го утврдил треба да се усогласат со правата, обврските и одговорностите на вработените од работен однос утврдени со закон со кој се уредуваат работните односи.

Со Предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи се врши создавање законски решенија за поголема заштита на правото на неделен одмор во недела и се елиминираат можните злоупотреби во однос обезбедување на користењето на ова право“, посочуваат од Министерството.

Цел на предлог законот, образложуваат од Министерството, е уредување на работното време во трговијата во недела и на празници, како и утврдување на исклучоците во трговијата на мало за кои ке биде дозволено работа во ден недела и на празници и овозможување на трговците регистрирани во држави членки на Европскиот економски простор, слободно да вршат трговија на територијата на Република Северна Македонија, по пристапувањето на Република Северна Македонија во Европската унија.

Измени на ЗРО за поголема заштита на правото на неделен одмор

М.В