/ Прочитано:

4.360

Измени на Законот за внатрешни работи во врска со пензионираните работници  од МВР

Владата го утврди Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за внатрешни работи.

„Основната цел на предложените измени и дополнување е заштита на правата од областа на пензиското и инвалидското осигурување на пензионирани работници од Министерството за внатрешни работи, кои правото на пензија го оствариле во периодот од 1.1.1994 година до 20.3.2010 година исклучиво според одредбите на тогаш важечкиот Закон за пензиското и инвалидското осигурување, со што ќе се ублажи неправдата на овие пензионирани работници.

Со предложените измени, овие пензионирани работници на МВР ќе се стекнат со право на пензија во согласност со одредбите од Законот за внатрешни работи од 2010 година, според кои старосната пензија се утврдува во висина од 80% од просечната месечна нето-плата што работникот ја остварил во текот на најповолните десет години од пензискиот стаж“, информираат од Владата.

М.В