/ Прочитано:

994

Измени на Законот за вработување и работа на странци во собраниска процедура

Во собраниска процедура се измени на  Законот за вработување и работа на странци, по скратена постапка. Предлагач на измените е Владата.

„Со цел да се надминат констатираните слабости, а пред сѐ заради заштита на интересите на странците, како и препораките кои произлегоа од бизнис-заедницата за унапредување на состојбите во оваа област, Министерството за труд и социјална политика презеде активности за измени и дополнувања на законот во однос на некои од наведените забелешки.

Со предложените измени и дополнувања на Законот за вработување и работа на странци се овозможува зголемена мобилност на странските работници кои веќе имаат засновано работен однос во Република Северна Македонија од еден правен субјект во друг правен субјект, на иста или повисока работна позиција доколку станува работа за ист работодавец. Исто така, се зголемува опфатот на краткотрајни услуги кои се реализираат во период до 60 дена, а за кои не е потребна работна дозвола со услуги за сервисирање и одржување на машини, средства или опрема и услуги за обука на работно место, како и за услуги кои не се во можност да се обезбедат од постојната работна сила во државата.

Предложените измени воедно овозможуваат постапката за пријава на работа на странецот со кој се заснова работен однос да може да се изврши електронски, доколку работодавачот поседува дигитален сертификат“, се вели во законското образложение.

М.В