Измени на Законот за задолжителни нафтени резерви за одложување на неговата примена
Министерството за финансии подготвува измени на Законот за задолжителни нафтени резерви. Измените и дополнувањата се пропишуваат заради пролонгирање на примената на законот.
„Целта на предложениот закон е неговата примена да се одложи за една година, со што ќе се овозможи отстапување на нафтени резерви на корисници согласно постојниот закон кој сè уште е во сила, според кој задолжителните резерви на нафтени деривати може да се користат и во кризни состојби, како и во други случаи кога постои итна потреба од нафтени деривати“, образложуваат од Министерството за финансии.
Со овој закон, кој е предмет на изменување, се уредува обврската за обезбедување на високо ниво на безбедност на снабдувањето со сурова нафта и нафтени деривати преку формирање, чување и одржување на минимум резерви на сурова нафта и/или нафтени деривати во форма на задолжителни нафтени резерви, начинот и условите за формирање, чување и одржување на задолжителните резерви, воведување на неопходните процедури за интервенција заради справување со сериозен недостаток од нафтени деривати на пазарот и други прашања од значење за задолжителните резерви, како и основањето и надлежностите на Македонската агенција за задолжителни нафтени резерви.
Во членот 56 од постојниот закон се пропишува дека неговата примена ќе отпочне од 1 јануари 2019 година.
М.В