/ Прочитано:

1.413

Измени на Законот за заштита на децата, чија цел е зголемување на посебниот додаток за дете со специфични потреби

Министерството за труд и социјална политика подготвува измени на Законот за заштита на децата. Предложените измени и дополнувања, велат од Министерството, се во насока на подобрување на финансиската состојба на корисниците на право на посебен додаток за дете со специфични потреби, кое има пречки во телесниот или менталниот развој или комбинирани пречки во развојот, до 26 години живот, како и овозможување на деца за кои се користи право на посебен додаток да бидат здравствено осигурени, доколку не се осигурени во согласност со закон.

Со измените се предлага правото на посебен додаток со Законот за заштита на децата да се зголеми за 15%, како и на износите за самохран родител кој има дете со специфични потреби, кое има пречки во телесниот или менталниот развој или комбинирани пречки во развојот, до 26 години, и за материјално необезбедени родители.

М.В