/ Прочитано:

2.688

Измени на Законот за заштита на населението од заразни болести во собраниска процедура по скратена постапка

Измени на Законот за заштита на населението од заразни болести се поднесени во Собранието за донесување по скратена постапка. Предлагач на измените е Владата.

„Законот за заштита на населението од заразни болести ги уредува мерките за спречување на појавата, рано откривање, спречување на ширењето и сузбивање на заразните болести и на инфекциите, правата и обврските на здравствените установи, правните и физичките лица, како и надзорот над спроведувањето на мерките, со цел на заштита на населението од заразни болести.

Во услови за постоење на пандемија од коронавирус ковид-19 се наметна потреба од доуредување на законските решенија во насока на предвидување на здравствени установи во кои ќе се лекуваат лицата заболени од оваа заразна болест, како и нови поголеми овластувања за надлежните инспекциски служби да вршат инспекциски надзор над мерките наредени во согласност со членот 58 став 1 од овој закон.

Со донесувањето на новиот Закон за прекршоците („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 96/19) се наметна потребата од ревидирање на прекршочните одредби на Законот за заштита на населението од заразни болести.

За таа цел се предлага донесување на Предлог-законот“, се посочува во законското образложение.

М.В