/ Прочитано:

2.109

Измени на Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити

Министерството за финансии подготвува Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити.

Давателите на потрошувачки кредити, велат од Министерството за финансии, на граѓаните им пресметуваат и им наплатуваат високи трошоци за одобрените потрошувачки кредити, особено за кредитите одобрени во мали износи и со кратки рокови на отплата.

„Со цел граѓаните да не плаќаат прекумерни трошоци за потрошувачките кредити и да се минимизира ризикот од понатамошно влошување на состојбата на лицата кои имаат проблеми со отплата на кредитите, ќе се ограничи годишната стапка на вкупни трошоци на потрошувачките кредити“, посочуваат од Министерството.

Со ограничувањето на надоместоците, односно на годишната стапка на вкупни трошоци, ќе се намалат трошоците што ги плаќаат граѓаните при користење на потрошувачки кредити. Намалувањето ќе биде најзначајно кај кредитите во кои се одобруваат мали износи,  со кратки рокови на отплата, т.н. „брзи кредити“.

На овој начин ќе се намали ризикот од дополнително влошување на состојбата на лицата кои имаат проблеми со отплата на кредитите.

М.В