Измени на Законот за заштита на правата на пациентите за вклучување на попреченоста како основа за дискриминација
Министерството за здравство подготвува измени на Законот за заштита на правата на пациентите. Целта на предложените измени е во законот да се вклучи попреченоста како основа за дискриминација, во согласност со препораката број 45-а од Извештајот на Комитетот на ОН за правата на лицата со попреченост од 2018 година.
„Проширениот опфат на законите против дискриминација и на рамките за човекови права доведе до поширока заштита на правата на лицата со попреченост во многу држави. Еднаква и ефективна правна заштита од дискриминација значи дека државите членки имаат позитивни обврски да ги заштитат лицата со попреченост од дискриминација преку обврската да усвојат посебно и сеопфатно антидискриминаторско законодавство. Изречната законска забрана на дискриминација врз лицата со попреченост во законот треба да биде придружена со обезбедување на соодветни и ефективни правни лекови и санкции“, образложуваат од Министерството за здравство.
М.В