/ Прочитано:

847

Измени на Законот за здравствената заштита заради формирање на Национална комисија за имунизација

„Владата го  утврди Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, со цел да продолжат да важат одлуките донесени со Уредби со законска сила, како и заради формирање на Национална Комисија за имунизација.

Националната комисија за имунизација ќе ја предлага Програмата за имунизација што ја донесува Владата на Република Северна Македонија, со план и активности за координација на работата на сите субјекти вклучени во дистрибуција на вакцини и спроведување на имунизацијата.

Националната комисија за имунизација ќе ја следи вкупната состојба со имунизацијатa, нејзиниот опфат, квалитетот на вакцините и несаканите реакции од вакцините, ќе врши запознавање на здравствените работници и јавноста за потребата и предностите на имунизацијата, и ќе ја следи регулативата во областа на имунизацијата и нејзината имплементација, како и препораките на Светската здравствена организација“, соопштуваат од Владата.

М.В