/ Прочитано:

1.315

Измени на Законот за животна средина

Владата го утврди Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за животна средина, кој многу попрецизно ги дефинира и воспоставува методологија за идентификување и систем за управување со контаминираните подрачја заради надминување на негативните влијанија врз животната средина и здравјето на луѓето.

Дополнително, со измените во новиот Предлог-закон се доуредува делот за финансирање на мерките за унапредување на  животната средина и се усогласуваат одредбите за прекршочната политика и за инспекциски надзор.

М.В